НЛБ Тутунска банка ја заврши 2013 година со остварена нето добивка од 10,2 милиони евра. Банката информира дека повратот на капиталот е 11,2 проценти, билансната актива 972 милиони евра, додека нивото на нефункционални пласмани е 7,8 проценти. На Собранието на акционерите, четврта година по ред, било одлучено остварената добивка да се реинвестира во резервите на банката со што, како што наведува во соопштението, ќе се овозможи понатамошен раст на кредитните активности, високата ликвидност и високата адекватност на капиталот од 15,5 проценти. Вкупните кредити на крајот на 2013 година изнесувале 615 милиони евра, од кои 291 милиони евра се пласирани кај стопанството, а 314 милиони евра се пласирани кај населението.
НЛБ Тутунска банка ја заврши 2013 година со остварена нето добивка од 10,2 милиони евра.
Банката информира дека повратот на капиталот е 11,2 проценти, билансната актива 972 милиони евра, додека нивото на нефункционални пласмани е 7,8 проценти.
На Собранието на акционерите, четврта година по ред, било одлучено остварената добивка да се реинвестира во резервите на банката со што, како што наведува во соопштението, ќе се овозможи понатамошен раст на кредитните активности, високата ликвидност и високата адекватност на капиталот од 15,5 проценти.
Вкупните кредити на крајот на 2013 година изнесувале 615 милиони евра, од кои 291 милиони евра се пласирани кај стопанството, а 314 милиони евра се пласирани кај населението.